Дома Фудбал Нуњез е херој на Ливерпул – со два гола го суреди Брентфорд

Нуњез е херој на Ливерпул – со два гола го суреди Брентфорд

Ливерпул славеше на тешкото гостување кај Брентфорд, обезбедувајќи победа од 2-0 во рамките на 21. коло од англиската Премиерлига. Херој на „црвените“ беше Дарвин Нуњез, кој ги постигна двата гола и донесе значајни три бода за својот тим.

Брентфорд се покажа како цврст и незгоден противник, успешно парирајќи му на лидерот на табелата речиси цел натпревар. Домаќините имаа неколку ветувачки шанси, особено во второто полувреме, но не успеаја да ги искористат.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Отпорот на Брентфорд беше скршен дури во судиското продолжение, кога Нуњез ја демонстрира својата голгетерска форма и ја осигура победата за тимот на Арне Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…