Дома Фудбал Новиот прв човек на шпанскиот фудбал откри за кого навива во Ла Лига

Новиот прв човек на шпанскиот фудбал откри за кого навива во Ла Лига

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан, призна дека навива за Реал Мадрид, пренесоа денес шпанските медиуми.

Лузан минатата недела беше избран за нов претседател, а една од неговите први обврски беше патувањето во Доха, на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп. Шпанскиот весник „Спорт“ ја пренесе изјавата на Лузан од Доха, во која тој изрази восхит кон претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Ќе се обидам да се сретнам со претседателот Флорентино во Доха и истовремено целосно ќе му се ставам на располагање. Го познавам веќе многу години и му се восхитувам на неговата способност да работи, на тоа каде го однесе овој клуб, а сите ние навивачи на Реал Мадрид сме многу задоволни од неговото управување со овој голем клуб“, рече Лузан.

Тој додаде дека фудбалскиот клуб Реал Мадрид е „најдобриот амбасадор на Шпанија во светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус нуди 50 милиони евра за одбранбениот „ѕид“ на Барселона – каталонскиот гигант е на потег

Трансфер приказните од летниот преоден рок стануваат сè поинтензивни, а во ова се главни а…