Дома Фудбал „Новиот Ето“ ја полуде Европа: Го бараат Барселона, Реал Мадрид, но и англиските гиганти

„Новиот Ето“ ја полуде Европа: Го бараат Барселона, Реал Мадрид, но и англиските гиганти

Европскиот фудбал доби ново име кое сè почесто е во центарот на вниманието – Карл Ета Јонг, 22-годишен напаѓач од Камерун, моментално еден од најинтересните млади играчи во Ла Лига. Неговиот стил на игра, енергија и дарба за голови веќе му го донесоа прекарот “новиот Ето’о”, по славниот сонародник Самуел Ето’о.

Јонг денес го носи дресот на Леванте, клуб кој минатата сезона се врати во Ла Лига и успеа да го задржи статусот во елитата. Во својата втора сезона во првата лига, младиот Камерунец стана едно од најпријатните изненадувања во шпанскиот шампионат. Брз, агилен и ладнокрвен пред голот, ги воодушеви и навивачите и стручњаците.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во само една година помина пат од перспективен талент до стандарден прволигашки напаѓач. Неговиот напредок го следат и најголемите европски клубови – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал од Англија, како и Барселона и Реал Мадрид од Шпанија. Сите веруваат дека Камерунецот може да биде следната голема ѕвезда на африканскиот фудбал.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња продолжи со тренинзи

Ханзи Флик сè уште е без репрезентативците, но бразилското крило Рафиња направи важен чеко…