Дома Фудбал Нови контроверзии во Шпанија: Судиски одлуки го обележаа натпреварот на Барселона и Рајо

Нови контроверзии во Шпанија: Судиски одлуки го обележаа натпреварот на Барселона и Рајо

Фудбалерите на Барселона со синоќешната победа против Рајо Ваљекано (1:0) го презедоа врвот на табелата во Ла Лига, но темата број еден во Шпанија по натпреварот повторно е судењето бидејќи гостите се жалеа на неколку судиски одлуки.

Првата беше доделениот пенал за Барселона во 28-та минута откако Сис го сруши Иниго Мартинез, а топката по корнерот не стигна ни блиску до играч на Барселона.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


И гостите потоа бараа пенал по слична ситуација на другата страна кога Кубарси го држеше Сиса, но овој пат судијата не се огласи.

Најголемо внимание привлече ситуацијата од крајот на првото полувреме кога на Рајо му беше поништен голот за 1:1 кој го постигна Де Фрутос по длабинско проигрување.

Де Фрутос беше далеку од офсајд положба, но помошниот судија го крена знаменцето бидејќи вториот играч на Рајо, според неговото мислење, го блокираше настојувањето на Мартинез да го блокира ударот.

Марка објави текст со наслов “Водство со контроверзи и патење” каде што истакнуваат дека судијата Марио Мелеро Лопез со две одлуки го обележа натпреварот.

За судиите по натпреварот пишува и Ас, кој објави текст со наслов “Два недосудени пенали за кои Рајо смета дека се идентични со оној доделен за Барселона”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Омерагиќ: ФФМ во претходните две години имала повеќе расходи толку приходи

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го оддржува своето Редовно Изборно Гене…