Дисциплинската комисија на Евролигата ги казни Партизан и Црвена Звезда за инцидентите што се случија минатиот петок, за време на „Вечното дерби“ во натпреварот од 24. коло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Партизан како домаќин на натпреварот доби поголема парична казна, а со тоа следува и затворање на дел од Арената во наредниот натпревар.
“Партизан е казнет со парична казна од 50.000 евра, а следниот натпревар ќе го игра со ограничен капацитет од 80 проценти на салата, вклучувајќи и затворање на одредени сектори, поради повеќе инциденти направени од навивачите на Партизан за време на натпреварот против Црвена Звезда, според член 29.1.2.2.2.929f), 29f. и 29.2.g) од Дисциплинскиот кодекс на Евролигата во кошарка.”, стои во соопштението.
Црвена звезда е казнета поради недоличното однесување на своите навивачи од кои имаше околу 1.000.
“Црвена Ѕвезда е казнета со 20.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа нејзините навивачи за време на натпреварот против Партизан, според член 29.2.d), e) и g) од Дисциплинскиот кодекс на Евролигата”, се вели во соопштението на Евролигата.