Натпреварот од 14. коло во Серија А помеѓу Фиорентина и Интер беше прекинат во 17. минута откако колабираше домашниот фудбалер Едоардо Бове, а неговата состојба според новите информации е стабилна.
„Бове е буден, свесен и дише. Со возило на брза помош е пренесен во болница“, велат извори од Италија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Играчот од средниот ред на домашната екипа се наведна да ги врзе копачките, а откако стана, му се слоши и се сруши на теренот.
Фудбалерите веднаш реагираа и го повикаа медицинскиот персонал, а беше изграден и „ѕид“ за да не се открие целосно состојбата.
Натпреварот беше целосно прекинат, а новиот датум ќе биде објавен подоцна.