Дома Фудбал Нови детали за Марадона: Агонијата можела да трае и 12 часа, еве кој не дозволил да се направи важна анализа

Нови детали за Марадона: Агонијата можела да трае и 12 часа, еве кој не дозволил да се направи важна анализа

За време на продолжувањето на судењето против седум здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, на површина излегуваат сè посериозни детали за наводната негрижа што претходела.

Кардиологот Оскар Франко, кој го прегледал Марадона два месеци пред неговата смрт, изјави пред судот дека неговиот предлог за важна кардиолошка анализа бил одбиен од личниот лекар на Марадона, Леополдо Лука.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сакав да направам тест за перфузија на миокард за да видам во каква состојба му е срцето, но Лука не сакаше“, изјави Франко, кардиолог во санаториумот Ипенса, каде што Марадона престојуваше во септември 2020 година.

Станува збор за тест кој рутински се препорачува на лица со тешка хипертензија, аритмии или симптоми на срцева слабост и се користи за откривање на коронарна болест. Франко во своето сведоштво истакна дека тестот можел да открие потенцијален ризик и да помогне во спречување на фаталниот исход.

Тестот не беше инвазивен, и покрај тврдењата дека Марадона „не може да издржи престој во болница“, ми се чинеше како многу респонзивен и соработлив пациент – додаде Франко.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…