Дома Фудбал Нова повреда во Реал Мадрид: Ќе има ли сега поголема минутажа за Модриќ?

Нова повреда во Реал Мадрид: Ќе има ли сега поголема минутажа за Модриќ?

Дани Себаљос ќе мора да паузира околу два месеци поради повреда, пишуваат шпанските медиуми наведувајќи дека тоа е проблем за тренерот Карло Анчелоти кој го пронајде добитната формула во средниот ред. Станува збор за повреда на коленото на стандардниот првотимец која ја здоби во натпреварот од Купот на кралот против Реал Сосиедад (победа 1:0).

Во текот на судиското надополнување, судирот со Такефусо Кубо резултираше со тоа што Себаљос куцаше при напуштањето на теренот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ова претставува тежок удар за Себаљос, кој и покрај конкуренцијата беше стартер. Беше подготвен и за враќање во шпанската репрезентација, но сега ќе мораат Анчелоти и Луис де ла Фуенте да бараат други решенија.

Шпанските медиуми наведуваат дека Модриќ веројатно има најсличен сет на вештини на Себаљос, па останува да се види што ќе одлучи Анчелоти. Модриќ беше стартер на неколку од последните натпревари на Реал, но на повеќето првенствени натпревари не играше доволно долго дури и за едно полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал не може да се помири со ситуацијата – ги загубил нервите и намерно повредил соиграч!

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, се соочува со значајна нервоза поради новата свој…