
Клубовите се обидуваат преку договорите да се заштитат што повеќе кога станува збор за фудбалери, а истото важи и за играчите кои преку одредени клаузули се обидуваат да добијат што подобри услови.
Во минатото сме виделе секакви клаузули кои одат во прилог и на клубот и на фудбалерите, но случајот кој доаѓа од германската Бундеслига ги надмина сите останати.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Имено, германските медиуми објавија каква клаузула имаат Баерн и Луис Диас кој минатото лето пристигна во клубот.
Баварците одлучија да го донесат Диас од Ливерпул за дури 70 милиони евра, но направија се да не биде тоа пропадната инвестиција.
Уште еднаш раководството на Баерн покажа дека мислат на сè, а тоа го покажа клаузулата од договорот на Диас која „протече“ во јавноста.
Имено, во договорот Колумбиецот има клаузула дека мора што побрзо да го научи германскиот јазик, а доколку не покаже резултати, Баерн има опција месечно да го казнува во зависност од тоа колку се задоволни со неговиот напредок.
Тие се решителни Диас да го научи германскиот јазик за да може што подобро да комуницира со играчите, тренерот, но и со навивачите.
Исто така, на овој чекор се одлучиле поради фактот што дадоа дури 70 милиони за него, и што Диас не зборуваше најдобро ниту англиски јазик додека беше во Ливерпул.
Тие го следат неговиот напредок од недела во недела и имаат право да го казнуваат од пет до 50.000 евра месечно доколку не напредува со саканото темпо.
Диас неделно има два до три часа германски јазик, а во клубот на разни начини прават проценка дали напредува или не и потоа носат одлука дали ќе го казнат финансиски.