Дома Фудбал Нико Вилијамс прави спектакуларен трансфер во Англија!?

Нико Вилијамс прави спектакуларен трансфер во Англија!?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го означи Нико Вилијамс како прва мета за 2025 година.

Како што откри „Атлетик“, Арсенал ќе направи сѐ да го убеди Нико Вилијамс да го избере дресот на „топџиите“, по што ќе ја активира неговата клаузула од 58 милиони евра.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Не е тајна дека Нико Вилијамс летово флертуваше со Барселона, но на крајот одлучи да остане на неговиот „Сан Мамес“, кој ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа, а шпанскиот репрезентативец сонува за европски трофеј пред да замине.

Оттука, миграцијата од Билбао во јануари е малку веројатна, но Арсенал ќе направи сѐ што е во неговата моќ.

Изворите пишуваат дека Арсенал не е во финансиска можност веднаш да ја активира клаузулата на Нико, освен ако некој од играчите не го напушти „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И тоа се случи: Манчестер јунајтед освои трофеј по реми со Евертон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа ја освоија летната серија на Премиер лигата во Ат…