
Поранешниот играч на германската репрезентација Месут Озил (36) пролетта 2023 година замина во пензија. Од тогаш работи на трансформација на неговото тело. Озил беше тенок за време на неговата кариера, но во последно време тренира со тегови во теретана и резултатите се видливи.
На Инстаграм го следат 27.7 милиони луѓе, а често објавува фотографии од неговиот приватен живот и мотивациски пораки како вчера. За време на неговата играчка кариера имаше 74 килограми, а денес без проблеми крева тежини од 100 килограми. Некои фанови тврдат дека денес има 90 килограми, а неговата трансформација ја нарекуваат шокантна.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Светскиот првак и освојувач на бронза на Светското првенство со Германија гради значајна кариера настапувајќи за Шалке, Вердер, а пред да ја заврши во Турција настапуваше за Фенербахче и Истанбул Башакшехир, три години играше за Реал Мадрид и уште осум години за лондонскиот Арсенал. Тој беше тенок и брз играч. Денес изгледа сосема поинаку, покрупен и мускулест.
Озил веќе некој период гради своето тело во теретана, и каде го доведе неговиот труд може да се види во видео во кое неговото вежбање е сведено на неколку секунди од кога ги започна тренинзите до денес. Озил сака да ги информира своите следачи на Инстаграм за напредокот што го постигнува, па редовно објавува фотографии од своето извајано тело.