Дома Фудбал Нема мир во Мадрид: Нов пресврт на повидок околу Родриго!?

Нема мир во Мадрид: Нов пресврт на повидок околу Родриго!?

Офанзивецот на Реал Мадрид Родриго е на мета на многу клубови, но Бразилецот засега нема намера да си замине.

Ова го објави денеска мадридскиот весник Марка, кој тврди дека Родриго по враќањето од репрезентативни обврски остварил важна средба со Чаби Алонсо и дека е среќен поради почетокот со новиот тренер.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Родриго е подготвен да се докаже дека и натаму е способен да биде стартер, иако конкуренцијата му е сè поголема. Карло Анчелоти во завршницата на сезоната ја смени формацијата на 4-4-2 што најмногу влијаеше на неговата позиција, а сега во тимот пристигнува и талентираниот Аргентинец Франко Мастантонуо, кого Алонсо го гледа како идеално решение на десното крило.

Сепак, Родриго е свесен дека во Мадрид мора да постои силна конкуренција на секоја позиција и нема дилема дека ќе се избори за значителна минутажа, пишува Марка.

Ова секако е потенцијален проблем за Арсенал, бидејќи Микел Артета е „заљубен“ во идејата да го доведе во својот тим, за што пишувавме пред еден ден.

Артета го гледа Родриго како идеално лево крило, позиција на која Родриго сигурно нема да игра во Реал, бидејќи тоа место е резервирано за Винисиус Жуниор.

Да потсетиме, Реал Мадрид го проценува Родриго на 100 милиони евра, и моментално не изгледа реално дека неговиот трансфер ќе биде реализиран.

Тој за Реал одиграл дури 267 натпревари, постигнал 68 голови и запишал 50 асистенции.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …