Дома Фудбал Некогаш важеше за „новиот Меси“, а Барселона сега прави сè за да се ослободи од него

Некогаш важеше за „новиот Меси“, а Барселона сега прави сè за да се ослободи од него

Барселона и Бетис во 21 часот ќе играат натпревар од осмина финалето на шпанскиот куп, а во составот на каталонскиот клуб го нема Ансу Фати (22). За шпанскиот напаѓач ова е третиот натпревар по ред во кој нема да биде во конкуренција за настап. Фудбалските инсајдери како Николо Шира тврдат дека клубот бара некој што ќе го позајми во зимскиот преоден рок. Каталонскиот Спорт додава дека во наредните 20 дена мора повторно да размисли дали ќе продолжи да го одбива заминувањето и да седи на клупата или ќе најде средина каде ќе игра редовно.

Тренерот Ханси Флик оваа сезона му даде шанса само на осум натпревари, односно собра 186 минути на сите натпреварувања и не успеал да постигне гол ни да направи асистенција. Да потсетиме, Фати минатата сезона ја помина на позајмица во Брајтон, каде на 30 натпревари (1041 минута) постигна четири гола и додаде една асистенција.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Фати, кој игра на позицијата лево крило, а се користи и во средниот ред и нападот, не многу одамна го нарекуваа новиот Меси и доби неговиот број 10. Пред три години Трансфермаркет го проценувал на 80 милиони евра, а денес вреди десет милиони евра. Договорот со Барселона му трае до 2027 година, но поради драстичниот пад во кариерата, неизвесно е дали ќе го заврши до крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го доби дербито со Тотенхем

Арсенал запиша победа против Тотенхем и му се доближи на Ливерпул на само четири бода на т…