Дома Фудбал Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Дојде како спасител за паднатиот великан и го задржа во друштвото на најдобрите.

Сантос цела сезона се бореше со исфрлање од бразилската Серија А. Нејмар дојде таму за да го спаси својот сакан клуб и успеа во тоа, а на крај со победата против Крузеиро во последното коло (3-0) бразилскиот великан успеа да стигне и до позиција која води во Копа Судамерикана. Завршија како 12-ти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нејмар блескаше во последните неколку натпревари. Сантос ги газеше сите пред себе, а фудбалскиот велемајстор имаше клучна улога со голови и асистенции.

По последниот свиреж на судијата, целиот стадион му се поклони. Го извикуваа неговото име и бараа да остане во клубот.

Сепак, 33-годишникот уште не е сигурен што ќе направи. Со останување и вакви настапи му се отвораат вратите на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудиските клубови подготвуваат (не)возможно преоден рок: На овие четири ѕвезди им нудат богатство

Саудискиот фудбал повторно се подготвува да ја потресе светската сцена и да ги премести гр…