
Не се смирува бурата откако навивачите на Манчестер Јунајтед пееја навредлива песна и ја навредуваа мајката на Фил Фоден, фудбалерот на Манчестер Сити, во скорешното големо градско дерби.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ремизираа без голови во дербито од Премиер лигата, но натпреварот доби „трето полувреме“ поради срамните песни упатени до Фил Фоден.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Навивачите на Манчестер Јунајтед ја навредуваа мајката на Фоден нарекувајќи ја со најнавредливи зборови, кои можеби не вреди ни да се пренесат. Таа сцена тешко паднала и на самиот фудбалер, но и на целата фамилија.
Бабата на Фоден, Мери Китс, откри дека сите во семејството се повредени и вознемирени од песните кои се слушале од Олд Трафорд.
„Навистина го вознемири, нас сите во целото семејство. Тоа е одвратно. Навистина болеше да се слушне што викале навивачите за неа. Овие луѓе треба добро да се погледнат себеси. Клер е прекрасна жена и мајка. Не сакам премногу да зборувам затоа што ме лути и ми е тешко на душа“, рече бабата Мери за мајката на Фоден, Клер Роуландс.
Истовремено, сето ова тешко паднало и на самиот Фил Фоден, кој го напуштил теренот во 58. минута, непосредно по повиците. Неговиот тренер, Пеп Гвардиола, признал дека фудбалерот тоа тешко го примил.
„Фоден не се чувствува добро, но ајде да продолжиме понатаму. Не се работи само за Јунајтед, тоа е проблем во светот. Погледнете само во светот, ќе сфатите дека не сме на вистинскиот пат“, рече во свој стил Гвардиола.
На истото дерби, еден навивач на Манчестер Јунајтед го удри гостинскиот фудбалер Џек Грилиш, и тој веднаш беше уапсен.