Дома Фудбал Нејмар постигна гол од слободен удар, а потоа се фати за коленото и го напушти теренот (Видео)

Нејмар постигна гол од слободен удар, а потоа се фати за коленото и го напушти теренот (Видео)

Нејмар утрово постигна одличен гол во дресот на Сантос, но подоцна во текот на натпреварот мораше да го напушти теренот поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сантос се пласираше во полуфиналето на бразилската Паулиста. Синоќа со резултат 2:0 славеше против Брагатина.

Првиот гол го постигна Нејмар во деветтата минута. Беше досуден слободен удар од левата страна, а Бразилецот одлично погоди од тешка позиција.

Точка на мечот во 56. минута стави Жоао Шмидх кој погоди по асистенција на Гилерме.

Нејмар беше заменет поради повреда во 76. минута. Излезе од теренот држејќи се за левата нога.

И покрај стравот, Нејмар успеа да излезе без помош. Наместо веднаш да се упати кон соблекувалната, остана на клупата за да добие медицинска помош.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …