
Лионел Меси е еден од најголемите, а многумина го сметаат за најголемиот фудбалер на сите времиња. Чудно е да се каже дека некој може да го научи нешто за фудбалот, но сега Нејмар откри една работа која му ја објаснувал.
Бразилската ѕвезда Нејмар раскажа една интересна анегдота за Лионел Меси во еден подкаст.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Тој откри дека на еден тренинг Аргентинецот го замолил да му покаже како изведува пенали.
„Му помагав на Меси за пеналите! Бевме на тренинг и ме праша како толку добро ги изведувам пеналите“, започна Нејмар.
„Го прашав дали е луд и му реков: Ти си Меси, ако можам јас, можеш и ти сигурно“, додаде бразилскиот фудбалер.
Меѓутоа, Меси беше доволно скромен и ги послуша советите на Нејмар, применувајќи ги на своите пенали, а тоа му помогнало и на Светското првенство (СП).