Дома Фудбал Нејмар кажа „да“ за враќање во татковината

Нејмар кажа „да“ за враќање во татковината

Изгледа дека деновите на бразилската ѕвезда Нејмар во Ал Хилал се изброени, а долго време се зборува за негово враќање во неговиот матичен клуб Сантос. Наводно, и играчот се согласил со овој трансфер, само се чека договорот помеѓу двата клуба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извори, Нејмар дефинитивно кажал „да“ на клубот каде што ја започнал својата кариера. Не е тајна дека веќе некое време сака да се врати во својата татковина, а сега изгледа дека тој повраток е многу блиску до реализација.

Сега следува, можеби и потежок дел од работата. Тоа е постигнување договор за раскин на договорот со Ал Хилал. Претходните вести покажуваат дека Бразилецот не е подготвен да се откаже од многу пари. Попрецизно, бара целосна исплата на договорот иако одигра само два натпревари за Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …