Дома Останати Кошарка НБА ги покажа најдобрите кошеви на Јокиќ: Погодуваше од сите позиции за историјата (Видео)

НБА ги покажа најдобрите кошеви на Јокиќ: Погодуваше од сите позиции за историјата (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра најдобра сезона во НБА кариерата – со трипл-дабл учинок против Мемфис испиша историјата и оствари резултат за кој ќе се зборува години. Никола Јокиќ е првиот центар кој цела сезона во НБА лигата играл со просек трипл-дабл, а му фалат само 47 поени за просек од 30 поени во сезоната.

Поради неверојатниот резултат кој го постигна, се огласи и НБА лигата. Направија компилација од дури пет минути со најдобрите кошеви кои ги постигна српскиот кошаркар оваа сезона. Тука се карактеристичните удари од една нога, погодок преку речиси целото поле, внесување во кошот на противничките играчи кои го чуваат во рекетот…

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако стана третиот играч во историјата на НБА лигата со трипл-дабл, ги гледаме неговите најдобри поени во историската сезона 2024/25“, пишува на профилот на најсилната кошаркарска лига во светот. Погледнете како Јокиќ ги мачеше противниците во НБА лигата во текот на целата сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Дончиќ му се заканува суспензија и загуба од 300.000 долари

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе пропушти еден натпревар откако го достигна лим…