Дома Фудбал Навивачите се воодушевени: Рафиња ја покажa класата и надвор од теренот (Видео)

Навивачите се воодушевени: Рафиња ја покажa класата и надвор од теренот (Видео)

Во реванш натпреварот од Купот на Кралот, Барселона го победи Атлетико Мадрид со резултат 1:0 и се пласира во финалето на ова натпреварување.

Стрелец на единствениот и одлучувачкиот гол беше Феран Торес во 27. минута по асистенција на младиот Ламине Јамал.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Барселона оваа сезона – Рафиња ги помина сите 90 минути на теренот и уште еднаш одигра одлично.

Бразилецот одамна покажа дека има класа на теренот, но синоќа ја покажа класата и надвор од него.

Рафиња ги чекаше играчите на Атлетико Мадрид во тунелот и се поздрави со повеќето од нив.

На сите им е познато дека Барселона и Атлетико Мадрид се големи ривали, но Бразилецот реши да го тргне тоа настрана и да ја покаже својата човечност.

Покрај тоа што се поздрави со повеќето играчи, со Родриго Де Паул и разменија дресови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mногу емоции: Ѕвездата на Арсенал се расплака додека читаше писмо од родителите (Видео)

Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, заплака и остана без зборови откако го прочита писмото о…