
Рафиња оваа сезона игра во животна форма во дресот на Барселона, и многумина се изненадени што каталонскиот клуб ја отвори можноста да го продаде на лето бидејќи ја одредија цената за овој Бразилец.
Рафиња минатото лето беше на излезните врати на Барселона и најверојатно ќе го сменеше клубот ако Чави Ернандес останеше на тренерската позиција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак, промената на тренер што ја одлучи Жоан Лапорта и доаѓањето на Ханси Флик за овој Бразилец беше најдоброто сценарио што можеше да го замисли.
Флик го убеди Рафиња да остане во Барселона и му даде до знаење дека сериозно смета на него, а оваа сезона бразилскиот репрезентативец игра најдобар фудбал во кариерата.
Овој 28-годишник на 48 натпревари постигна дури 30 голови и додаде уште 23 асистенции, и стана лидер во каталонскиот тим што малку кој очекуваше дека ќе се случи.
Останувањето во Барселона за него беше полн погодок и еден е од најзаслужните што Каталонците го освоија шпанскиот Суперкуп, и се уште се во игра да дојдат до титула во Ла Лига, Купот на Кралот и Лигата на Шампионите.
Сепак, шпанските медиуми ги изненадија сите со информацијата дека и покрај сезоната од соништата, Рафиња би можел ова лето да ја напушти Барселона.
Тој има договор до летото 2027 година и сè уште не се започнати преговори за продолжување на соработката. Раководството на Барселона смета дека треба да ја искористат ситуацијата доколку за Рафиња пристигне астрономска понуда затоа што се скептични дека може да игра во ваква форма уште долго.
Наводно, Лапорта и Деко се договориле да го продадат Рафиња и одредиле за него цена од 85 милиони евра, и доколку се појави некој клуб кој е подготвен да ја даде таа сума на пари, нема да прават проблем за неговото заминување.
Интерес за Рафиња веќе покажале Арсенал, Челси, Ливерпул и од Барселона англиските клубови добиле јасен знак дека Бразилецот може да замине за најмалку 85 милиони евра.
🚨 Интермедиерите информирале дека Арсенал, Челси и Ливерпул
— Трансфер Вести во Живо (@DeadlineDayLive) 22 Април 2025
дека Рафинја е достапен за £80M ова лето.
(Извор: @TBRFootball)
Дали сакате да го видите назад во Премиер лигата? 🤔 pic.twitter.com/Zzi2akR1ug