
Барселона синоќа со победа во градското дерби против Еспањол ја осигура титулата шампион на Шпанија, а во центарот на вниманието по натпреварот беа Лионел Меси и Луис Суарез кои со својот потег ги воодушевија навивачите на нивниот поранешен клуб.
Барселона играше синоќа во гости кај Еспањол и со 2:0 успеа да дојде до победа, а со овие три бода и математички го реши прашањето за шампион на Шпанија оваа сезона.
Играчите на Барселона по мечот сакаа колку-толку да ја прослават титулата, но за жал гледавме непријатни сцени на теренот.
Од Еспањол не дозволија на гостите никакво славје и провокации, дури користеа прскалки на теренот за што побрзо играчите на Барселона да ги натераат во соблекувалната.
Славјето продолжи во соблекувалната и улиците на Барселона, а вистинскиот празник се очекува дури во следните денови. Сепак, она што посебно ги воодушеви навивачите на Блауграна беа Лионел Меси и Луис Суарез. Иако не заминаа од клубот во најдобро светло, тие беа меѓу првите кои се огласија за да го честитаат освојувањето на Ла Лига.
Меси и Суарез најпрво оставија коментари на Инстаграм на објавата на Барселона дека е освоена Ла Лига, а Аргентинецот отиде и чекор понатаму.
Лео Меси и Луис Суарез ја честитаат на Барселона освојувањето на Ла Лига на IG.❤️ pic.twitter.com/mSHQzSg3T3
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 15, 2025
Фото: Принтскрин