Дома Фудбал Навивачите на Барселона бараат една од ѕвездите да замине: Не си играч за големи натпревари

Навивачите на Барселона бараат една од ѕвездите да замине: Не си играч за големи натпревари

Синоќа беа одиграни првите две реванш средби од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Барселона успеа да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување и покрај поразот што го запишаа.

Победата од 4:0 во првата утакмица синоќа се покажа како недостижна за Борусија Дортмунд, така што пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите го оствари екипата на Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Три гола за домашниот тим синоќа постигна Серху Гираси, но автоголот што го постигна Рами Бенсебаини значеше дека тимот од Германија има тежок зададено да ја извади Барселона.

И покрај обезбеденото полуфинале, навивачите на Барселона се ужаснати од играта на Роналд Араухо, најмногу поради реакцијата кај третиот гол на Гираси.

Каталонците се фрустрирани од играта на Уругваецот и сите се сеќаваат на црвениот картон што го доби минатата година во Лигата на шампионите против Париз Сен-Жермен.

По мечот, навивачите го окупираа неговиот Инстаграм профил и му оставија многу непристојни коментари.

„Не си повеќе оној стариот Араухо. Во големите натпревари ја помагаш противничката екипа.“

„Еден од најлошите дефанзивци на Барселона некогаш.“

„Зошто немаш самодоверба во големите утакмици?“

Фото: Барселона/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос за натпреварот на Барса и Атлетико: Зарем не можеа двете екипи да испаднат?

Тони Крос се осврна на дуелот меѓу Барселона и Атлетико во Лигата на шампионите, приложува…