Дома Фудбал Најдобриот клуб во Европа и светот останува без тренер?

Најдобриот клуб во Европа и светот останува без тренер?

Шпанскиот тренер Луис Енрике размислува да замине од Париз Сен-Жермен по завршувањето на актуелната сезона, иако со клубот постигна историски успеси. Според пишувањето на германскиот Bild, Енрике не планира да го продолжи договорот кој му истекува во јуни бидејќи во својата кариера бара нови предизвици, пишува „Марка“.

Главната причина за неговото можно заминување лежи во желбата за нов професионален исчекор. Бидејќи крајот на јуни би станал слободен тренер, Енрике би можел да стане многу атрактивен кандидат за водечките светски репрезентации кои по Светското првенство ќе бараат селектор за нов циклус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како друга можност се наведува благото падење на формата на ПСГ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, не се на нивото на доминација од минатата сезона. Парижаните моментално се втори во француското првенство, со еден бод заостанување зад Ленс, додека во Лигата на шампионите се на трето место, зад Арсенал и Баерн Минхен.

Престојот на Енрике во француската престолнина беше извонредно успешен. Во својата прва сезона освои домашно првенство, куп и суперкуп, но круната на неговата работа дојде во сезоната 2024/2025, кога на ПСЖ му го донесе првиот, историски и долгоочекуван наслов на шампион во Лигата на шампионите. Со овој успех стана еден од најомилените тренери во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кратко траеше авантурата: Наполи ќе остане без Де Брујне!?

Еден од најдобрите фудбалери на светот во изминатата деценија, Кевин де Брујне, летово по …