
Додека се водат разговори и дебати за новиот најдобар играч во светот, некако го заборавивме актуелниот најдобар на планетата.
Не е ни чудо, бидејќи не го видовме речиси целата претходна сезона поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото. Натпреварот со Арсенал во септември го оддалечи од теренот и наскоро ќе поминат година дена од тој момент.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Тој настапи во претпоследното коло на Премиер лигата, беше дел од тимот и на Светското клупско првенство каде што имаше ограничена минутажа, но и нова повреда која вклучи дополнителен аларм во Сити дека мораат да бидат понежни кон него. Пеп Гвардиола верува дека неговиот земјак по репрезентативната пауза во септември ќе биде целосно подготвен да игра на највисоко ниво.
Шпанецот има уште две години договор со Сити и следното лето постојат реални шанси тој да си замине иако клубот планира да му понуди богат продолжување на соработката што би го направило заедно со Ерлинг Халанд најплатениот играч на „гражданите“, додека меѓу плејмејкерите во Европа би бил на врвот.
И покрај тоа, тој има симпатии кон Мадрид. Всушност, тие се взаемни. Роден е таму и сосема е природно. Реал со Чаби Алонсо има некои нови перспективи и покрај тоа што Rodri наскоро ќе наполни 30 години, сметаат дека би бил од огромна помош за нив. Така, потенцијално би можеле да се обидат да го привлечат веќе идното лето.
Фото: Принткрин