Дома Фудбал Најавите стануваат се погласни: Хари Кејн ќе бидде „бомбата“ на следното лето!

Најавите стануваат се погласни: Хари Кејн ќе бидде „бомбата“ на следното лето!

Трансфер сагата меѓу Хари Кејн и Барселона сè уште се развива! 

Мундо Депортиво денес ја воодушеви публиката објавувајќи причини поради кои Барселона со сите сили се бори да го обезбеди потписот на Хари Кејн.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Потписници на написот се најважните новинари од редакцијата – заменикот на директорот Фернандо Поло и уредникот Серхи Сол, дополнително додавајќи тежина на оваа вест.

Според нивните информации, Барселона го поставила Хари Кејн како нивна главна цел за летото 2026 од повеќе причини.

Прва и основна причина е дека договорот на Роберт Левандовски истекува и на лето тој ќе наполни 38 години, правејќи го овој миг совршен за разделба, а избегите отвориле простор за Хари Кејн. Иако Барса размислуваше за Хулијан Алварез, тој не е реална опција поради неговиот голем договор со Атлетико Мадрид до 2030 година.

Хари Кејн излезе во преден план поради ниската откупна клаузула од само 65 милиони евра. Мундо Депортиво забележува дека ова е поволна цена, особено ако се земе во предвид дека Ливерпул минатото лето плати 145 милиони за Александер Исак и 95 милиони за Уго Екитике.

Авторите на текстот ги истакнуваат и фудбалските причини за потписот на Кејн, прво и основно затоа што е изграден стрелец, што го потврди оваа сезона со 23 голови во 17 натпревари за Бајерн. Понатаму, Кејн не е само обичен центарфор и стрелец, туку покажува и извонредни способности во организирање на играта, во шеснаестерецот и на целото поле. Мундо Депортиво го наведува фактот дека Кејн има забележано 127 асистенции во кариерата, што го прави повеќенаменска “деветка”. 

Понатаму, Кејн е капитен на англиската репрезентација, долги години лидер на тимот, и е етаблиран како вистински професионалец. 

Целосно убедени, во Барса се верува дека Кејн може да донесе моментални резултати и голови, што го потврди и со својата преселба во Бундеслигата. 

И конечно, важна причина за Барселона е финансиската корист – ќе заштедат 40 милиони евра на плата на Роберт Левандовски. Тоа е неговото бруто примање, додека во споредба, Кејн во Минхен заработува 24 милиони бруто. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МВР се огласи: Приведен е редарот кој шутна фудбалер на Брегалница!

На вчерашниот дуел меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница се случи сериозен инцидент, при шт…