Дома Фудбал На повидок одлични вести за Пеп: Родри може да заигра во ЛШ!

На повидок одлични вести за Пеп: Родри може да заигра во ЛШ!

Манчестер сити го пријави Родри за продолжението на натпреварувањето во Лигата на шампионите.

“Граѓаните” со победата над Бриж во последното коло обезбедија место меѓу најдобрите 16, па сега ги чека двомеч против Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клубовите имаа рок во кој мораа да ги пријават и лиценцираат играчите за продолжението на натпреварувањето, а на списокот на Сити се најде и шпанскиот играч за врска.

Тој се повреди во дуелот против Арсенал (на 23 септември) и веќе сите сметаа дека за Родри сезоната е завршена.

Сепак, неколку седмици по операцијата на коленото, Шпанецот најави дека можеби ќе може да се врати на теренот во завршницата на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај може да се засили со фудбалер на Манчестер јунајтед вреден 50 милиони евра!

Турскиот шампион Галатасарај планира да го засили својот тим за време на зимскиот трансфер…