Италијанскиот фудбалски тренер Паоло Занети (42) е на работ на отказ, откако Верона во неделата на домашен терен загуби против Емполи (1:4) во 15-то коло на Серија А. За Верона ова беше седмиот пораз во последните осум кола, а четврти последователно. “Верувам дека Ѕанети знае дека нешто не прави добро,” изјави спортскиот директор на Верона Шон Соглиано по последниот пораз.
“Нема смисла да се криеме, нешто овде не функционира и мораме да размислиме. Денес нема да донесеме конечна одлука, но ќе ни требаат од 24 до 48 часа за размислување. Мораме да анализираме што се случува,” додаде Соглиано.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми наведуваат дека Занети скоро сигурно ќе добие отказ, а можност до крајот на сезоната би можел да добие Салваторе Бокети, кој се уште е под договор бидејќи беше помошник тренер прво на Игор Тудор, а потоа на Марко Зафарони.
Занети ја презеде Верона во јуни оваа година откако претходно ги водеше Емполи, Венеција и Асколи. Верона се наоѓа во зоната на испаѓање, на 18-то место со 12 поени. Полоши се само Монца со десет и Венеција со девет поени.