Дома Кошарка Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар.

Имено, Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона овој кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос каде што одлично се снајде.

Во Кипар сакаат одлично да се претстават на домашен терен и претходно го обезбеди Мозес Рајт кој исто така настапува за Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.

ФИБА дозволува промена на репрезентациите во одредени случаи во кои ќе процени дека со преселбата во новата репрезентација кошаркарот може да придонесе за развојот на кошарката во таа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

МЗТ го враќа Мекиќ во тимот пред дуелите со Пелистер и Џики

Адем Мекиќ почнува трет мандат во МЗТ со договор за година и пол. Засилувањето пристигнува…