Со почеток од 20:45 часот утре Рома ќе му гостува на Јувентус во дербито од Серија А, а пред овој натпревар Жозе Мурињо истакна голема почит за колегата од спротивната страна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По победата против Наполи, Рома ја очекува уште едно дерби во кое сега ќе се соочи со Јувентус.
„Ќе биде многу тешко. Сите добро знаеме каков тим е Јувентус. Алегри е човек кој игра на резултат и тоа е најважната работа во фудбалот.
Јуве знае да се брани многу добро и тешко е да ги пробиеш. Одлични се и во контра-напади, посебно сега кога немаат обврски во Европа и играат само еднаш неделно. За да го победите Јувентус мора да одиграте на највисоко ниво“, изјави Мурињо.