Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштение во кое се обрати до медиумите и јавноста.

Актуелниот шампион на Македонија преку соопштението сака да демантира одредени лаги и невистини кои се шират во јавноста.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Се чувствуваме должни да ги разјасниме сите мистерии, лаги и невистини што излегоа изминативе денови за нашиот клуб, раководство и играчи. Како и секоја друга екипа, така и нашата има искачувања и паѓања. За жал, за нас падот на формата нè доведе да избришеме една од поставените цели и поради тоа сметаме дека треба да направиме одредени промени во играчкиот кадар, на наше барање, а не како што тоа сака некој да го претстави поради нередовни примања. Ниту еден играч нема да биде над екипата и колективот.

Свесни сме дека сме најголем кошаркарски колектив и привлекуваме најголема читаност и внимание, но нема да дозволиме да се шират лаги и невистини околу нас. Со голема одговорност работиме за продолжување на низата освојување трофеи, како и на финансиската консолидација, каде значително е подобрена ситуацијата, а очекуваме уште од јануари месец целосна стабилизација, подобрување на логистиката, маркетингот, школата и резултатите.

МЗТ Скопје не е маалска екипа која ги брои победите, туку е клуб во кој настапуваат девет репрезентативци кои достоинствено ја претставуваат македонската кошарка – дома и надвор, на теренот и надвор од него. Поради нечесни игри на одредени структури се случи да испаднеме од АБА2, за што делумно е и наша вината и одговорноста. Вистинските наши поддржувачи се оние кои и покрај ваквата негативна атмосфера што вештачки се создава околу нашиот клуб, ќе дојдат и ќе дадат поддршка на овие наши момци кои достоинствено го претставуваат клубот и се борат за овој дрес. Клубот не се сака само кога победува, туку и кога резултатите не одат според планираното.

Ова раководство, кое е отворено и транспарентно од самиот почеток, се покажа и докажа со правецот во кој се движеше клубот изминативе три сезони и покрај надворешните влијанија и предизвици со кои се соочивме. Спортски им ги честитаме победите на сите клубови, но за разлика од маалските клубови, ние покрај победите ги броиме и трофеите, кои постојано завршуваат во нашите витрини.

Нашиот клуб секогаш бил и ќе остане достоен репрезент на македонската кошарка како на теренот, така и надвор од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Милевски со две измени во тимот против Велс

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го пречекува Велс во обид да ја запише вт…