Дома Останати Кошарка МВП спречи чудо во финалето на НБА. Оклахома израмни против Индијана

МВП спречи чудо во финалето на НБА. Оклахома израмни против Индијана

ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР на свој терен ја совлада екипата Индијана Пејсерс со 123:107 и серијата од НБА финалето го израмни на 1:1. По драматичната победа на Пејсерс во првиот натпревар, Оклахома ја врати надежта за титулата со одлична игра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шej Гилџис-Александер, МВП од регуларната сезона, постигна 34 поени за својата екипа. Придонесе и Алекс Карусо со 20 поени од клупата, додека Вилијамс уфрли 19, Арон Вигинс 18, а Чет Холмгрен заврши со 15 поени за Тандер. Ова беше првата победа на ОКС во финалната серија од 2012 година против Мајами.

Халибартон постигна 17 поени за Индијана, која успеа да направи пресврт од 15 поени разлика во последната четвртина од првиот натпревар. Овојпат, тие не успеаја да наметнат посериозна закана. Мајлс Тарнер забележа 16 поени, а Паскал Сијакам 15 за Пејсерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…