Жозе Мурињо даде интервју за италијанскиот „Кориере дело Спорт“ во кое зборуваше за својата досегашна кариера, а особено се осврна на летото 2013 година, кога го напушти Реал Мадрид.
Португалецот откри дека тогаш имал разговор со претседателот на Реал, Флорентино Перез и дека верува дека ја направил најголемата грешка во кариерата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Потоа му реков „не“ на Флорентино Перез, кој ми рече да останам во Реал Мадрид, и се уште жалам. Перез тогаш ми рече: „Не оди, го направи најтешкиот дел и сега доаѓа најдоброто. Остани во Реал Мадрид. Но, јас сакав да се вратам во Челзи по три тешки години во Мадрид и ја направив најголемата грешка бидејќи му кажав дека заминувам“, призна Мурињо.
Мурињо го презеде мадридскиот клуб по големиот успех во Интер, со кого во 2010 година ја освои Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија. После тоа, тој помина три години во Реал, со кој освои по една титула во Ла Лига и по една титула во Купот на Шпанија и Суперкуп на Шпанија.