Дома Фудбал Мукаетов: Желба се три победи, навивачите нека дојдат во што поголем број!

Мукаетов: Желба се три победи, навивачите нека дојдат во што поголем број!

Репрезентацијата на Македонија е подготвена за настапот на Светското првенство, а своите очекувања на денешната прес-конференција ги искажа и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Македонија на првенството игра во групата „Д“ каде што се уште: Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мило ми е што годината ја започнуваме со подготовки за уште едно големо натпреварување. Благодарност и до Телеком за соработката и тоа што останува партнер на РФМ.

Благодарност до ракометарите, стручниот штаб и целата јавност, ги повикуваме фановите да дојдат во што поголем број бидејќи оваа репрезентација тоа го заслужува. Првата желба е да се помине групната фаза, а за мене лично успех би биле три победи на овој шампионат, тоа е мојата желба“; изјави Мукаетов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…