
Барселона синоќа ја победи Осасуна со 3:0 на Монжуик, а во центарот на вниманието беше потегот на Ханси Флик кој понижи еден од своите играчи за време на загревањето, поради што од трибините се слушаа свирежи.
Каталонците без проблеми дојдоа до нови три бода во одложениот меч од 27. коло на Ла Лига, победувајќи ја Осасуна со 3:0 пред своите навивачи.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Барселона поведе веќе на почетокот на натпреварот кога Феран Торес ја погоди мрежата на гостите, а само десетина минути подоцна Дани Олмо постигна гол за 2:0.
Конечниот удар за Осасуна на овој меч го зададе Роберт Левандовски кога постигна гол за 3:0 кон крајот на натпреварот.
Поради фактот што натпреварот се играше веднаш по репрезентативните настапи, Ханси Флик беше принуден да комбинира со почетниот состав, а најголем удар беше што не можеше да смета на својот најдобар играч Рафиња.
Флик така им даде шанса на играчи кои оваа сезона не се најдоа често во почетната постава, а исто така од клупата воведуваше играчи кои не заиграа премногу досега.
Сепак, германскиот стручњак се најде на мета на свирежи од навивачите на Барселона во средината на второто полувреме кога видоа што направи со еден од играчите.
Имено, на почетокот на второто полувреме Флик ги испрати повеќето играчи на загревање, меѓу кои беше и Ансу Фати кој веќе извесно време не сме го виделе на теренот. Фати се загреваше околу 20 минути и се очекуваше дека ќе влезе во игра, но на крај се случи нешто неочекувано.
Тренерот на Барселона го повика Фати, но не за да го внесе во игра, туку му кажа дека може да се врати и да седне на клупата и дека нема да игра.
❗️Монжуик свиркаше откако Ханси Флик му кажа на Ансу Фати да престане со загревањето и да се врати на клупата. pic.twitter.com/tgdFGKgnQf
— Barça Universal (@BarcaUniversal) 27 март 2025