Дома Топ вести Moдриќ го избрал новиот клуб!?

Moдриќ го избрал новиот клуб!?

Шпански „АС“ пренесува дека Лука Модриќ го избрал новиот клуб и ќе го напушти Реал Мадрид.

Наводно, следна станица на хрватскиот фудбалер ќе биде Ал Хилал каде што настапуваат Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Нејмар кој е повреден.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ал Хилал се поврзуваше со Модриќ и минатото лето нудејќи му договор вреден 300 милиони евра за три години. Но, капитенот на репрезанетацијата на Хрватска тогаш одлучи да продолжи со Реал Мадрид.

Модриќ во Реал Мадрид дојде во 2012 година за сума од 35 милиони евра од Тотенхем и низ годините прерасна во еден милениците на „кралевите“.

За Реал Мадрид Модриќ собра 510 натпревари, постигна 38 гола и подели 82 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Се најавуваше дека Стефано Пиоли ја одработува последната сезона на клупата на Милан, а се…