Дома Фудбал Moжеше да бира за која репрезентација да игра, ја избра Италија и – многу погреши!

Moжеше да бира за која репрезентација да игра, ја избра Италија и – многу погреши!

Во животот не секогаш се оди според план, а оваа вистина најдобро ја почувствува на своја кож и Стефан Ел Шарави.

Некогаш назад, во 2008 година, кога започна да ги става своите први настапи за младинските селекции на Италија, Стефан Ел Шаарави, некогаш во сенка, се соочи со дилема која го делеше меѓу два репрезентативни дреса: Италија или Египет. Тогаш негов клуб беше Џенова, а одлуката беше судбоносна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таткото на Ел Шаарави, Сабри, потекнува од Египет, додека мајка му, Луси, е Италијанка. Конечно, донесе одлука да игра за Италија, но деновиве неговата одлука стана повод за многу критики и потсмев, бидејќи неговата репрезентативна кариера се случи без ниту една минута игра на светски првенства.

Ел Шаарави беше дел од тимот на Италија на Светското првенство во 2014 во Бразил, но Азурите не успеаја да ја поминат групата со Англија, Уругвај и Костарика и Стефан не играше ни минута, а остатокот е историја.

Минатонеделниот неуспех и исфрлањето од Босна и Херцеговина во Зеница значеше дека Италија по третпат последователно го пропушта светскиот настан. Ова исто така ги растури и соништата на Ел Шаарави за учество на светско првенство, бидејќи дури и да се квалифицираат за Мундијалот во 2030, прашање е дали тој ќе биде дел од тимот и дали ќе игра професионален фудбал до тогаш.

Како да не беше доволно, кога Италија го освои Европското првенство во 2021, Ел Шаарави не беше повикан. Тој само што се врати од Кина и му требаше време за да се вклучи во континуитет, а тогашниот селектор Роберто Манчини даде предност на други офанзивци (Лоренцо Инсиње, Доменицо Берарди, Федерико Киеза, Ќиро Имобиле, Андреа Белоти, Џакомо Распадори) и се покажа дека бил во право. Италија го освои Еурото, а Ел Шаарави тој светол момент на италијанскиот фудбал во последната деценија го гледаше од далечина.

Во меѓувреме, Египет учествуваше и на Светското првенство во Русија 2018 и сега го чека почетокот на турнирот во Канада, Мексико и САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Јунајтед во битка за фудбалер од 115 милиони евра!

Нотингем Форест се чини дека е подготвен за летен трансфер на својата ѕвезда, играчот на с…