Дома Фудбал Морничава исповед на Нејмар: Си го видов сопствениот погреб…

Морничава исповед на Нејмар: Си го видов сопствениот погреб…

Бразилецот Нејмар дефинитивно остави трага во една ера на фудбалот, но никогаш не успеа да се искачи на врвот на светот со репрезентацијата.

Претходниот пат, Бразил беше застанат од Хрватска во Катар по пенали. Нејмар ги доведе Бразилците во водство кога погоди за 1:0 во продолженијата, но Хрватите израмнија, а потоа славеа со подобро изведување на пенали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бразил промаши две пенали, па Нејмар не стигна ни да го изведе петиот пенал. Сега, во страшно сведоштво, се сети на најтешкиот момент во животот.

– Во животот секогаш го изведував петиот пенал. Петиот е најтежок, но може и да не дојде до него. Кога бевме елиминирани од Хрватска, мислев дека ќе умрам. По натпреварот отидовме во хотелот, а чувството беше дека светот запрел и полека повторно се среќаваш со семејството… Сите минуваа покрај тебе сериозни, со изрази на лицето како да кажуваат: Какво ср**ње – рече Нејмар, и продолжи во еден здив:

– Ги видов сопствениот погреб. Се колнам во Бога. Бев во една мала соба, седев таму и луѓето доаѓаа. Дојде моето семејство, па пристигнуваа и другите. Сите имаа црвени очи, никој не зборуваше… Имав чувство како да сум во ковчег, а сите велат: ‘Вау, уште си жив, нели?’ Тоа беше чувството што го имав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагичарот на Италија си ја отвори душата: Сакав да пропаднам во земја!

Напаѓачот на Интер, Пио Еспозито, се осврна на промашениот пенал во финалето од баражот, к…