Дома Фудбал „Мојата сопруга и деца не летаат со приватни авиони“: Ибрахимовиќ има посебна причина за тоа и нема врска со парите

„Мојата сопруга и деца не летаат со приватни авиони“: Ибрахимовиќ има посебна причина за тоа и нема врска со парите

Златан Ибрахимовиќ има доволно пари по долга и успешна кариера. Сега е директор во Милан и за него одредени работи не претставуваат проблем. Сепак, не ги користи на тој начин и не се “бања” во луксуз. Како еден од примерите го наведе тоа што неговата невенчана сопруга Хелена Сегер и нивните деца Максимилијан и Винсент не летаат со приватни авиони.

„Истото е и со мојата жена. Кога јас одам со авион, можам да земам приватен, да не ми пречат луѓе, тоа е друга работа, не е поради парите. Кога таа оди, патува со редовни летови, има и тие поевтините компании. Оди со децата и така. Таа вели дека и децата треба да го видат светот реално. Тоа ни беше важно“, објасни Ибрахимовиќ во емисијата “(Не)успех на шампионите” кај Славен Билиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој нагласи дека парите не му се во прв план и дека сака на своите синови да им ја покаже и другата страна.

Многу се благодарни, не бараат повеќе отколку што имаат. Затоа давам пример, ако можам јас кој сум дошол од ништо до ова, можат и тие. Тие сега имаат 200 проценти повеќе отколку што имав јас. Јас сум доказ дека сето тоа е возможно”, јасен е Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…