Дека полека се подготвува за фудбалска пензија покажуваат и новите вести од Шпанија. Модриќ сè повеќе вложува во семејната фирма „Модриќ Фемили СЛ“ која ја основал во 2020 година во Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат медиумите, Модриќ неодамна инвестирал дури 22,16 милиони евра во оваа фирма.
Компанијата е регистрирана во Трговскиот регистар во Мадрид, а нејзината примарна дејност е купопродажба и изградба на недвижности.
Според достапните јавни информации, годишниот промет на „Модриќ Фемили СЛ“ е помал од два милиони евра. По докапитализацијата, вкупниот капитал на компанијата изнесува 38,6 милиони евра.
Лука е единствениот сопственик на компанијата „Модриќ“, чие правно претставување го врши неговата сопруга Вања.