Дома Фудбал Модриќ објасни зошто му се развикал на Винисиус!

Модриќ објасни зошто му се развикал на Винисиус!

Лука Модриќ беше главна ѕвезда во драматичната победа на Реал против Леганес (3:2), со што се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот. Капитенот ги доведе гостите во водство од 1:0 во 18. минута со асистенција од Родриго.

Освен што постигна гол и одигра одлично сите 90 минути, Модриќ стана тема во шпанските медиуми поради тоа што при крајот на натпреварот му се развика на Винисиус, една од најголемите ѕвезди на тимот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Откако Леганес ја надомести големата предност на Реал и се закани дека ќе го сврти резултатот во нападот што Реал успеа да го одбранат со расчистување на топката во корнер, капитенот се вознемири на Винисиус зашто не помогна на одбраната во таа акција.

Додека Модриќ по натпреварот даваше автограми на обожавателите и се сликаше со нив, еден го праша што се случило со Винисиус, а Хрватот му одговори: “Човеку, тоа се фудбалски работи! Гледаш се што не треба да видиш.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако продолжи традицијата стара 46 години, Лигата на шампиони ќе ја освои ПСЖ

Во финалето на оваа сезона на Лигата на шампиони кое ќе се одржи на 31-ви мај на Алијанц А…