Дома Трансфер зона Moта одлучил: Јувентус ја одреди цената за Киеза

Moта одлучил: Јувентус ја одреди цената за Киеза

Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота oдлучил да направи промени во тимот па така најверојатно ќе си замине и Федерико Киеза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации кои ги објави италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо. Киеза не е во плановите на Мота и може да си замине за сума од 25 милиони евра. Киеза има договор со Јувентус уште една сезона, па затоа и сумата не е голема.

Во ваква ситуација сигурно дека ќе се појават повеќе клубови кои ќе бидат заинтересирани да го доведат Италијанецот.

Киеза во Јувентус е од 2020 година и во тој период на 131 натпревар постигна 32 гола и подели 23 асистенции. Во минатата сезона на 37 натпревари постигна десет гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…