
Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, заплака и остана без зборови откако го прочита писмото од своите родители, Аденика и Јоми, по повод потпишувањето на новиот договор со клубот. Младиот англиски играч се обврза на петгодишна верност кон Арсенал, со што ќе добива годишна плата од 17.5 милиони евра, со што стана најплатен играч на тимот на Микел Артета, пишуваDaily Mail.
Надвор од финансиските аспекти, Сака сакаше да ја потврди длабоката поврзаност со тимот каде што започна неговата кариера. Веднаш по потпишувањето на договорот, го дочека изненадување во облик на писмо од неговите родители каде што изразија колку се многу горди на него. Додека читаше на глас, Сака едвај ги контролираше емоциите и без зборови се бореше со солзите.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
“Од првите денови кога шутирашe топка низ домот и паркот, видовме колку радост ти носи тоа. Она што не можевме да го предвидиме е колку далеку радоста, заедно со твојата посветеност и вера, ќе те однесе. Никогаш не ги заборави своите вредности, својата вера и луѓето кои те поддржуваа на патот. Тоа ни значи повеќе од било кој гол, трофеј или договор некогаш.
Запомни, успехот не се мери само по постигнувањата, туку и по карактерот. Продолжи да се смееш, Букајо, уживај во ова патување. Продолжи да веруваш и биди пример за многу млади луѓе кои те гледаат како идол”, стоеше во писмото.
“Вау,” успеа да рече Сака. “Ретко ги слушам мама и тато да ми зборуваат на овој начин. Без зборови сум, неверојатно е. Не знам што би рекол освен благодарам им. Не би бил овде без нив”, додаде емоционално погодениот крилен напаѓач кој оваа сезона има 35 настапи, осум гола и седум асистенции.