Дома Фудбал Млад се сели во заминува во Саудиска Арабија, ќе заработи и Милан

Млад се сели во заминува во Саудиска Арабија, ќе заработи и Милан

Одбранбениот играч на Андерлехт, Јан-Карло Симиќ, ќе се пресели во саудискиот Ал-Итихад, објавува Фабрицио Романо.

Белгискиот гранд ќе добие вкупно 20 милиони евра за 20-годишниот талент, но 20% од сумата или околу 4 милиони евра ќе отидат во неговиот поранешен клуб Милан.

Српскиот репрезентативец ќе потпише договор за 4 сезони со новиот клуб, кој ќе му исплаќа нето годишна плата од 6 милиони евра. Симиќ премина од „росонерите“ во Андерлехт минатото лето за речиси 3 милиони евра. Од тогаш досега младиот бранител одигра вкупно 53 натпревари со 4 гола и 2 асистенции за „лилаво-белите“.

Сега интерес за него покажуваше и Лацио, од каде што сакаа да го ангажираат дури во зима поради трансферното ембарго летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси го заврши репрезентативното патување со стил

Лионел Меси постигна гол и две асистенции во последниот натпревар за Аргентина, победувајќ…