Дома Фудбал Млад пар не можеше да си поверува, правеа фотографија и тогаш до нив помина – Меси! (Видео)

Млад пар не можеше да си поверува, правеа фотографија и тогаш до нив помина – Меси! (Видео)

За многумина најголемиот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, неочекувано пред две вечери се појави во Барселона, предизвикувајќи вистинска бура на социјалните мрежи.

Меси заедно со своите пријатели го посети стадионот Камп Ноу, место каде што скоро дваесет години го воодушевуваше светот на фудбалот, и притоа упати емотивна порака.

Интересно видео денеска осамна на социјалните платформи, а на снимката се гледа како еден пар си прави опуштени фотографии на улиците на Барселона.

Во еден миг, сосема неформално, Лео Меси поминува покрај нив, а момчето видно изненаден го гледа Аргентинецот додека тој продолжува со својот пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест минути за нов почеток: Цветаноски повторно во дресот на Железничар

Матеј Цветаноски ја заврши паузата од 244 дена по тешката повреда на ногата. Неговото враќ…