Дома Останати Ракомет Митревски: Среќни сме што ги започнуваме подготовките за СП!

Митревски: Среќни сме што ги започнуваме подготовките за СП!

Македонската машка ракометна репрезентација и официјално означи старт на подготовките за настап на Светското првенство 2025 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашите ракометри првиот дел од подготовките ќе го одработат во Стара Пазова каде ќе останат до 30 декември.

Искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски верува дека до стартот на Мундијалот ќе бидат максимално подготвени.

„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“.

Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, натпреварите ќе ги игра во Вараждин (Хрватска).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…