Дома Фудбал Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан се интересира за трансфер на дефанзивецот на Удинезе Томас Кристенсен, јавува “Гадзета дело Спорт”.

“Росонерите” го додадоа 23-годишниот играч на нивната листа на набележани играчи малку пред затворањето на трансферниот период на 1 септември и сега размислуваат да го доведат во јануари.

Раководството на седумкратниот европски клубски шампион било особено импресионирано од настапот на Данецот при победата на Удинезе со 2:1 против Интер на “Сан Сиро” на 31 август.

198-сантиметарскиот дефанзивец ќе биде следен одблизу од претставници на Милан на сите натпревари на тимот од Удине оваа есен. “Црно-белите” пак, бараа замена за Кристенсен во последните денови од трансферниот прозорец во август. Се очекува фриуланите да побараат најмалку 15 милиони евра за нивниот бранител.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …