Дома Фудбал Милан почна преговори со Влаховиќ

Милан почна преговори со Влаховиќ

Милан не се откажува од идејата да го доведе Душан Влаховиќ на „Сан Сиро“ бидејќи напаѓачот е најголема желба на тренерот Макс Алегри.

Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Таре почнал преговори со агентите на Влаховиќ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Газета дело Спорт” пишува дека Милан подготвил понуда за која верува дека ќе биде доволна за Влаховиќ да потпише, иако условите не се ни блиску до оние кои Србин ги има во Јувентус.

Милан му нуди на Влаховиќ 6.000.000 евра по сезона, што е двојно помала годишна плата од сумата која би ја заработил во претстојната сезона како член на Јувентус.

Јувентус од друга страна бара обесштетување од 20 милиони евра, Милан ќе проба да ја намали таа сума, бидејќи се работи за играч во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума одби нов договор, а неговиот нов клуб никој не можеше ни да го замисли!

Следното лето му истекува договорот на Џанлуиџи Донарума, а ПСЖ не сака да ја повтори греш…