Дома Фудбал Милан е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид

За Себаљос нема повеќе место во Реал Мадрид и тимот му предложи да си побара нов клуб.

28-годишниот плејмејкер минатото лето одби неколку понуди, бидејќи имаше желба да се докаже во екипата на Карло Анчелоти, но сега веќе размислува да ја промени средината.

Во оваа сезона добива малку време на теренот, а Милан ја гледа оваа ситуација како можност за да го ангажира како квалитетен играч за средниот ред.

За слобода на Себаљос, Реал бара 15 милиони евра, сума која „росонерите“ се подготвени да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку за Македонија У15, повредите го скратија изборот на Станковски

Македонската генерација 2011 заврши со шест победи на десет средби во форматот 7+1. По иск…