Дома Трансфер зона Meсто во Реал Мадрид, синот на легендата на „кралевите“ заврши кај Меси

Meсто во Реал Мадрид, синот на легендата на „кралевите“ заврши кај Меси

Името Федерико Редондо во претходниот зимскиот преоден рок се споменуваше неколку пати. Имено, станува зборсин на легендата на Реал Мадрид и Аргентина, Фернандо Редондо.

Се најавуваше дека 21-годишниот Редондо може да тргне по стапките на својот татко и да добие шанса во Реал Мадрид, но тоа сепак не се случи. На крајот тој заврши во МЛС лигата и тоа во тимот на Интер Мајами.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот со Интер Мајами значи и дека ќе биде соиграч на Лионел Меси. Според најавите се е завршено и се чека само да се завршат одредени формалности за и официјално да биде претставен како нов играч на тимот на Бекам.

Досега Редондо го носеше дресот на Аргентинос Јуниорс. Треба да се спомене и дека неговиот татко исто така во младоста играше за овој тим од каде што се пресели во Тенерифа, а потоа беше дел од гигантите Реал Мадрид и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…